Sunday, May 16, 2021

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС НА КОНСУЛТАНТСКИ ФИРМИ

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието има потреба од лиценцирани и легално регистрирани правни лица за проектирање, ревизија и надзор, од областа на градежништво, електротехника и машинство за изготвување на техничка документација, ревизија на техничка документација и стручен надзор при изведување на проектираните позиции.

За таа цел огласуваме јавен повик за пријавување на лиценцирани консултантски фирми за проектирање, ревизија и надзор при изведба (за училишни објекти), а што пројавуваат интерес за работа со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието да се пријават и да ја поднесат следната документација:

  1. Образец 1 – Писмо за изразување интерес за соработка и
  2. Образец 2 – Регистар на консултантски фирми со следниве информации:
  • Релевантни податоци за фирмата;
  • Лиценци на фирмата за проектирање, ревизија на техничка документација и надзор и
  • Биографии – CV-а и овластувања за консултанти/вработени инженери (архитекти, градежни, електро и машински инженери) од доменот на проектирање, ревизија на техничка документација и стручен надзор.

Обрасците 1 и 2 можете да ги најдете подолу.

Сите документи да се поднесат до Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Компонента 4 – Обезбедување стимул за училиштата и за локалните задници (Реновирање на училишта)  на следнава адреса: улица „Козле” 1 б, 1000 Скопје, со назнака „за консултантски фирми“ најдоцна до 7 јуни 2013 година.

Дополнителни информации можете да добиете на следниот телефонски број 02 306 7981 локал 116 и 119.

Obrazec-1-pismo-za-konsultantski firmi

Obrazec-2-Registriranje-na-konsultantski-firmi