Sunday, August 1, 2021

Повик за аплицирање во рамките на компонентата Обезбедување стимул за училиштата и локалните заедници за 2016 година

Задоволство ни е да Ве известиме за започнувањето на активностите во рамките на компонентата 4: Обезбедување стимул за училишта и локалните заедници и почетокот на аплицирањето за избор на училишта кои ќе бидат вклучени во работата на компонентата. Во текот на 2016 година, ќе бидат избрани 13 училишта во кои ќе се имплементираат активности од оваа компонента. За учество во 2016 година, петтата година од имплементацијата на Проектот во компонентата Обезбедување стимул за училишта и локалните заедници може да аплицираат сите основни и средни училишта од сите 80 општини и Град Скопје.

Изборот на училиштата ќе се прави врз основа на дефинирани критериуми и интересот кој го покажуваат училиштата за вклучување во активностите на останатите компоненти на Проектот. Во секое од избраните училишта ќе се формираат Тимови за реновирање на училиштата кои ќе бидат наши партнери во текот на работата и чии капацитети ќе бидат зајакнувани преку специјално дизајнирани обуки. Тимовите за реновирање на училиштата ќе бидат активно вклучени и во планирањето, организирањето и реализацијата на реновирањето, при што ќе треба да обезбедат поддршка во работна рака, финансиски средства или опрема, која ќе биде нивен придонес во процесот на реновирање. Предвидениот буџет за реновирање на едно училиште од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, не треба да надмине 1.200.000 денари, додека учеството на општините/училиштата треба да биде минимум 10% од вкупната вредност на реновирањето.

Поднесувањето на апликацијата ќе започне на 11-ти јануари и ќе трае до 25-ти јануари 2016 година, до 16:00 часот. Сите материјали за аплицирање како и упатството за нивно подготвување можете да ги најдете на нашата веб страна http://pmio.mk/category/call-for-applications/. Апликации и сите пропратни писма да се пополнат на англиски јазик и да се испратат по пошта до ул. Козле 1-б, Скопје и по е-пошта до applications_c4@yahoo.com

1. Aplikacija za izbor na ucilista – 2016

2. Upatstvo za popolnuvaje na aplikacija za izbor na ucilista – 2016

3. Pismo za podrska – opstina_2016

4. Pismo za podrska – uciliste_2016