Sunday, April 18, 2021

CLOSED! Повик за аплицирање во рамките на компонентата Обезбедување стимул за училиштата и за локалните заедници за 2014 година

Задоволство ни е да Ве известиме за започнувањето на активностите во рамките на компонентата Обезбедување стимул за училишта и за локалните заедници и почетокот на аплицирањето за избор на училишта кои ќе бидат вклучени во работата на компонентата. Во текот на 2014 година, како и секоја следна година, ќе бидат избирани по 10 училишта во кои ќе се имплементираат активности од оваа компонента. За учество во 2014 година, третата година од имплементацијата на Проектот во компонентата Обезбедување стимул за училишта и за локалните заедници може да аплицираат сите основни и средни училишта од 30 општини кои се објавени на нашата веб страна www.pmio.mk. Листата на училишта кои може да аплицираат во втората фаза може да се најде тука.

Изборот на училиштата ќе се прави врз основа на дефинирани критериуми и интересот кој ќе го покажат училиштата за вклучување во активностите на останатите компоненти на Проектот. Во секое од избраните училишта ќе се формираат Тимови за реновирање на училиштата кои ќе бидат наши партнери во текот на работата и чии капацитети ќе бидат зајакнувани преку специјално дизајнирани обуки. Тимови за реновирање на училиштата ќе бидат активно вклучени и во планирањето, организирањето и реализацијата на реновирањето, при што ќе треба да обезбедат поддршка во работна рака, финансиски средства или опрема, која ќе биде нивен придонес во процесот на реновирање. Предвидениот буџет за реновирање на едно училиште од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, не треба да надмине 1.200.000 денари, додека учеството на општините/училиштата треба да биде минимум 10% од вкупната вредност на реновирањето.

Поднесувањето на апликацијата ќе започне на 03-ти февруари и ќе трае до 17-ти февруари 2014 година, до 17 часот. Сите материјали за аплицирање како и упатството за нивно подготвување можете да ги најдете на нашата веб страна www.pmio.mk. Пополнетите апликации и сите пропратни писма на англиски јазик да се испратат по пошта до ул. Козле 1-б, Скопје и по е-пошта до applications_c4@yahoo.com.

1. Aplikacija za izbor na ucilista

2. Upatstvo za popolnuvaje na aplikacija za izbor na ucilista

3. Pismo za podrska – opstina

4. Pismo za podrska – uciliste

5. Pismo za podrska – ucilisen odbor

6. Pismo za podrska – roditeli

7. Pismo za podrska – lokalna zaednica